ЗА НАС – Логичен партнер за логистика на вашето работење

Основани сме во 2010та година, со идеја на нашите клиенти да им понудиме брз, ефикасен и сигурен транспорт на стока во домашниот и меѓународниот сообраќај. Водени од нашите корпоративни вредности, набрзо по основањето направивме проширување на дејноста, и сега овозможуваме цела палета на логистички услуги клучни за работењето на секој успешен бизнис: домашен и меѓународен транспорт на стока, складирање на стока, аутсорсинг на дистрибутивни активности во име и за сметка на нашите клиенти, дистрибуција и монтажа на мебел, консалтинг во врска со надворешната трговија и комуникација со добавувачи од странство, како и дистрибуција на стока до конечното одредиште. Вршиме комплетни утовари, збирни утовари, дотовари, дистрибуција и целокупна логистика. Воедно, за нашите клиенти можеме да обезбедиме и квалитетно, ефикасно и професионално застапување во сите царински постапки, и да им понудиме помош во толкувањето на законските прописи кои ја третираат оваа проблематика. Транспортот на стока го вршиме со сопствена флота на возила, од Македонија до било која точка во Европа и обратно, а за подалечни дестинации ги ангажираме транспортните капацитети на нашите бројни партнери од странство. Денес Технотранс е составен од тим на млади, но искусни професионалци, посветени на создавање на оптимални логистички решенија скроени по Ваша мерка. Професионални, одговорни, сигурни и флексибилни, секогаш сме подготвени за воспоставување на стабилен и долгорочен партнерски однос со нашите клиенти, заснован на взаемна доверба и разбирање. Високата стручност на вработените, ефикасноста во работењето, техничката опременост, квалитетот на услугата и долгогодишното искуство се нашата најдобра препорака и гаранција за квалитетот на транспортните и логистичките услуги кои ги овозможуваме. Сето ова нè вбројува во самиот врв на логистичките компании и создава доверба кај голем број на домашни и странски клиенти.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ – Еден контакт менува сè

Со контактирање на нашиот искусен тим, во секој момент можете да ја добиете целата потребна административна и стручна поддршка. Љубезноста, ефикасноста и стручното советување отсекогаш биле наши познати одлики. Нашето знаење за транспортот, складирањето и царинењето на различни видови стоки често може да одигра клучна во превенцијата и/или решавањето на потенцијални проблеми во текот на логистичкиот процес. На сите Ваши прашања ќе Ви одговори професионален тим, зад кој стојат години на усовршување и искуство во решавање на сите предвидени и непредвидени препреки.

Контакт форма