Services


Патен транспорт – Ваши сигурни сопатници

Во широката палета на наши услуги ги нудиме услугите на меѓународен и домашен патен транспорт од европските или балканските земји до Република Македонија и обратно, по исклучително конкурентни услови. Вршиме комплетна логистика на транспортот, како и сите потребни осигурувања и гаранции за истиот, со наши возила (шлепери, соло камиони, камиони со приколка, и комбиња) или со возила на нашите домашни или странски партнери, со потврдена сигурност и временска прецизност. Директниот патен транспорт на стока го организираме на целата територија на Балканот и Европа, додека за подалечни дестинации препорачуваме комбиниран транспорт на стока, како на пример бродски или авио транспорт. Патниот транспорт воедно спаѓа во најчестите транспортни услуги кои им ги овозможуваме на нашите клиенти. Покрај комплетниот транспорт (FTL), овозможуваме и поединечен (PTL) и збирен транспорт (CTL), со цел, во ситуации кога се работи за помала количина на стока, да можеме да им излеземе во пресрет на клиентите со поволна цена, и со тоа да им ги намалиме трошоците на транспортот. FTL (Full Truck Load) – Полните камионски утовари се однесуваат на пратки кои го заземаат целиот товарен простор на транспортното средство. Во секој момент, во зависност од количината на стоката, можеме да обезбедиме соодветен тип на транспортно средство кое апсолутно ќе одговара на Вашата стока. Предност на овој тип на превоз се најдоброто време на транзит и минималната веројатност за оштетување на пратката. PTL (Partial Truck Load) – Поединечниот транспорт на стока или парцијален товар, односно дотовар, се однесува на поголема количина на стока, но сепак недоволна за да го заземе целиот товарен простор на транспортното средство. Во ваква ситуација, ценејќи ги сите околности (количината на стока, квалитетот на услугата, и оптимизација на трошоците) нашата компанија ќе понуди логистичко решение кое најоптимално одговара на Вашите потреби. Предностите на PTL се огледуваат во минималната манипулација на пратките, нискиот ризик за нивно оштетување, и поповолното време на транзит во однос на пратки кои се превезуваат со збирен превоз. CTL (Collective Truck Load) – Збирниот транспорт на стока можеме да го издвоиме како најповолна опција за превоз доколку стоката којашто треба да се превезе зазема мал дел од товарниот простор во транспортното средство. Во тој случај, можете да закупите само дел од товарниот простор, и превозот да го делите со други клиенти. Со тоа добивате поволна цена на транспорт и квалитетна и брза испорака. Предностите на CTL се огледаат во многу безбеден начин на пренос на стока, затоа што стоката е осигурена и складирана на место наменета за таа цел, со што се спречува можноста за нејзино оштетување. Исто така не треба да се заборави и значително пократкиот ток на испорака, пониската цена на транспортот, и целосна контрола на пратката. На овој начин може да се увезува или извезува онолку стока колку што е неопходно, без складирање и создавање на залихи, со многу помалку трошоци на логистиката. Сите наведени предности придонесуваат CTL, а особено меѓународниот транспорт на мали пратки, да стане клучен елемент на современиот ланец на снабдување. Преземањето на пратки е овозможено во било кој дел на Европа, во рок од 24 часа. Собирањето на пратките се организира во три собирни магацини во Италија, Франција и Германија. Збирниот транспорт на консолидирани пратки го организираме секојдневно. Експресен транспорт – Овде особено би сакале да ја истакнеме нашата услуга за експресна достава на пратки до 1.200кг тежина до или од било која земја во Европа или регионот. Рокот за испорака е 24 часа, а експресниот транспорт на стока го вршиме со сопствени возила со удвоена возачка посада, доколку за истото има потреба. Времето и местото за преземање и испорака се прилагодени на Вашите потреби, а транспортот се врши по принципот “од врата до врата”. Сето ова обезбедува Вашата пратка да пристигне на посакуваната дестинација безбедно, сигурно и навремено. Преку овозможување на широка палета на транспортни услуги во патниот сообраќај до сега сме обезбедиле соработка со преку 1.500 клиенти, на кои им овозможуваме услуги на превоз во сите земји на Европа и Балканот. Одличните резултати постигнати во оваа сфера на работењето, како и сè поголемата база на задоволни партнери, се дополнителен мотив и понатаму да ги развиваме транспортните услуги надвор од границите на земјата.



Бродски транспорт – Ние сме Вашето сигурно пристаниште

Бродскиот транспорт е најпогоден и најекономичен вид на транспорт за превоз на стока во големи количини, превоз на вонгабаритен товар или транспорт на далечни дестинации. Затоа, доколку сакате Вашата стока да биде превезена со брод, Технотранс може да Ви ја понуди услугата на комбиниран транспорт на стока (во комбинација со патен и/или авио транспорт). Нашиот возен парк е опремен со камиони, комби возила и други возила со помала кубикажа, неопходни за безбеден превоз на стока до и од пристаниште. Дополнително, нашиот тим на диспечери за бродски транспорт е запознаен со сите процедури поврзани со транспортот, неопходната документација, царински постапки, како и со трошоците поврзани со транспортот на стока по воден пат. На крај, ние соработуваме со бродски агенции ширум Европа и Балканот, и благодарение на развиената мрежа на партнери, на клиентите им стоиме на располагање за целата логистичка поддршка во оваа област. Во рамки на нашата услуга Ви нудиме: 1) Пакување, товарање и истоварање на стоката; 2) складирање на стока на договорено време во нашиот склад со постојан видео надзор; 3) ефикасен и безбеден транспорт на стоката до/од пристаништата; 4) подготовка на целата неопходна документација и дозволи; 5) договарање на транспортот со водените оператори; 6) брза услуга на увозно/извозно царинење на стока (преку нашите партнерски царински застапници); 7) планирање на најкратката рута за транспорт; и 8) следење на движењето на стоката до посакуваната дестинација. Во согласност со Вашите потреби, можеме да Ви овозможиме полн контејнерски утовар (FCL) и збирен контејнерски транспорт (LCL). Збирниот транспорт на стока е вообичаен за контејнерски превоз на помали количини на стока од и до далечни дестинации. Со тоа се намалува цената на транспортот, што влијае и на идната цена на стоката. За овој вид на транспорт на Вашата стока Ви нудиме и осигурување на стоката.


Авионски транспорт – Ви посакуваме сигурен лет со нас

Авионскиот сообраќај е еден од најбрзите видови на превоз на луѓе и стока. Доколку сакате Вашата стока да пристигне на одредена дестинација на брз и ефикасен начин, тогаш авио сообраќајот е секако Вашиот најдобар избор. Имајќи предвид дека потребата за побрза достава на стока сè поизразена, и дека на нашите клиенти им е потребен брз начин на транспорт, услугата за авио транспорт ја вршиме кон сите дестинации, а преземањето и доставата на стоката ја реализираме во најкраток можен рок. Авио транспортот на стока нашата компанија го организира како комбиниран транспорт. Доколку имате потреба за транспорт на пратка од било кој дел на светот, и сакате истата да се испорача во најкраток можен рок, обратете се на нашиот стручен тим и многу бргу ќе ги добиете сите неопходни информации кои ќе Ви помогнат подобро да го испланирате и реализирате транспортот на стока со авион. Во рамки на нашата услуга Ви нудиме: 1) Пакување на стоката, утовар, истовар; 2) складирање на стока на договорено време во нашиот склад со постојан видео надзор; 3) превоз на стока од различен обем и количина од и до аеродром; 4) превоз на стоката од аеродром до било која дестинација во Македонија; 5) подготовка на целата неопходна документација и дозволи; 6) брзо увозно/извозно царинење на стока (преку нашите партнерски царински застапници); 7) планирање на најкратката рута за транспорт на стока и избор на најповолен авио превозник; и 8) следење на движењето на стоката до саканата дестинација.



Специјален транспорт/Транспорт на специјални видови на пратки – Да бидеме единствени заедно

Со оглед на тоа што поседуваме најсовремена опрема и големо искуство, можеме да Ви ја понудиме и услугата на транспорт на опасни материи (ADR) и транспорт на специјални, високо-вредносни пратки. Во двата случаи нашата компанија Ви гарантира за квалитетот на услугата и за безбедност на стоката. Транспорт на опасни материи (ADR) подлежи на строго дефинирани правила и прописи. Како опасни материи се сметаат сите материи кои во текот на производството, складирањето, транспортот и манипулацијата можат да предизвикаат последици кои се штетни за човекот и околината. Технотранс ги исполнува сите законски услови за организација и спроведување на транспорт на опасни материи. Ние ги поседуваме потребните дозволи за транспорт на опасни материи, располагаме со квалификуван кадар, како и со превозни средства кои ги исполнуваат сите стандарди и прописи дефинирани со ADR. Транспорт на специјални (високо-вредносни) пратки – зад нас е долгогодишно искуство во транспорт на пари, вредни предмети и документација за правни и физички лица, дипломатски пратки, сефови, антиквитети, уметнички дела, и други високо-вредносни пратки. Доколку имате потреба за ваков вид на транспорт, обратете ни се, и за Вас ќе креираме оптимално решение кое вклучува: 1) Избор на соодветно транспортно средство (блиндирано возило од B4 категорија во сопственост на Технотранс); 2) оптимална транспортна рута; 3) потребни дозволи и согласности од надлежните министерства и други органи; 4) техничка придружба на Технотранс и придружба од приватно обезбедување, доколку е истото неопходно.


Транспорт и монтажа на мебел

Во соработка со компанијата НЕФА МЕБЕЛ ДОО од Србија, нашата компанија Ви овозможува НОВА услуга на дистрибуција, транспорт и монтажа на атрактивен, модерен и квалитетен тапациран европски мебел, по исклучително пристапни цени. Во рамки на нашата услуга Ви нудиме: 1) Постојано достапниот и љубезен персонал на нашиот кол центар ќе Ви закаже термин за достава и монтажа на мебелот во согласност со Вашите потреби; 2) складирање на стоката на договорен временски период во нашиот склад со постојан видео надзор; 3) пакување, утовар и истовар на мебелот на Вашата домашна адреса (на територија на град Скопје); 4) монтажа на мебелот во Вашиот дом


ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Покрај логистика на транспорт, можеме да Ви понудиме и дополнителни услуги кои можат да Ви бидат од корист: A. Складирање на стока во било кој дел од процесот на транспорт, на пократок или подолг период; B. Аутсорсинг на дел од дистрибутивните активности; C. Осигурување на стока во транспорт; D. Консултантски услуги; E. Ефикасно увозно/извозно царинење на стока преку нашите партнерски шпедитерски фирми.


Складирање на стока – Организирани, достапни и безбедни во исполнувањето на Вашите потреби

Сè повеќе компании го препознаваат изборот на модел за складирање како фактор кој значително го одредува остварувањето на клучните цели на работењето. Затоа, Технотранс во својата понуда овозможува и услуги на сместување и складирање на стока. Поседуваме комплекс за сместување и чување на стока во Ќојлија, Општина Петровец, на површина од 12.000м2. Во комплексот се сместени јавен царински склад за складирање на стока до пуштање во слободен промет (отворен дел со површина од 1.500м2 и затворен дел со површина од 1.600м2, чиј капацитет наскоро ќе биде проширен на 4.000м2), паркинг за лесни и тешки товарни возила, и модерен деловно-административен објект. Складот е подготвен за сместување на скоро сите видови на стока, а при складирањето овозможуваме врвна услуга на правилно сместување и складирање на стоката и нејзина компјутерска евиденција преку софистициран Систем за управување со склад (Warehouse Management System, WMS). Воедно, овозможуваме организација на испорака на стоката, распоредување и подготовка на стоката за испраќање, пакување и обележување на стоката, палетизација на стоката, подготовка на пропратната царинска документација и застапување во царинската постапка, како и осигурување на стоката за цело време на престој во нашиот склад. Складот е модерно опремен, поседува 24-часовно физичко обезбедување, целосен видео надзор, противпожарна и противпровална заштита, софистициран систем за заштита од поплави, како и мерење на влажноста и температурата на воздухот на дневно ниво. Отворен е во 2018 година, и е исклучително достапен, со голем маневарски простор и приод за било каков вид на манипулација, како за големи, така и за мали товарни возила од сите типови. Во можност сме на нашите клиенти да им понудиме најповолни услови за складирање на сите видови стока за широка потрошувачка, како и стока која се чува под посебни услови, и да обезбедиме чување на сите пратки во царинскиот склад до пуштање во слободен промет. Покрај услугата на складирање на стока, Ви нудиме услуги на утовар и транспорт на стока до нашиот склад, пакување, обележување, чување, постојан надзор, обезбедување на документација во случај стоката да треба да се подготви за увоз/извоз, како и осигурување на стоката за време на целиот престој во складот. Преку професионалната услуга за складирање, на нашите клиенти им обезбедуваме повеќекратни предности, како што се намалување на трошоците на работењето, можност за фокусирање на основните деловни процеси, обезбедување на поголема пазарна присутност, како и раст на добивката. Како општествено-одговорна компанија, Технотранс прави континуирани напори во насока на заштита на животната околина. Па така, во работата на складот се користат исклучиво електрични товарни вилушкари, а отпадот којшто се создава при пакувањето и препакувањето на стоката се рециклира кај специјализирана компанија. За сите прашања поврзани со условите и цените за складирање, можете да нè контактирате преку телефон или електронска пошта, а нашиот љубезен тим ќе Ви ги обезбеди сите потребни информации.


Аутсорсинг - Повеќе време за Вашиот примарен бизнис

Во духот на иновативноста, како една од нашите клучни вредности, и водени од идејата за континуиран фокус на клиентот, проценивме дека на нашите клиенти можеме многу да им помогнеме доколку ги ослободиме од “споредните” дистрибутивни активности, односно од активностите кои се важни за компанијата, но ангажираат персонал и опрема кои компанијата може да ги искористи на поцелисходен начин. Од тие причини, во 2013 година воведовме новитет на македонскиот пазар - како посебна услуга за нашите клиенти обезбедуваме извршување на дел од активностите поврзани со дистрибутивната функција, како на пример: манипулација на стока со виљушкар, контрола на стока на влез и излез од фабрика, пакување на стока, подготвување на стока (picking), селекција на амбалажа, и сл. Придобивките за клиентите од користењето на оваа услуга се многукратни: зголемена ефикасност во работењето, зголемен квалитет и флексибилност во извршувањето на активностите поврзани со дистрибутивната функција, и најважно од сè, намалени трошоци на работењето и повеќе време за развој на примарниот бизнис. Набавивме врвна опрема и возила, и ги вработивме најдобрите професионалци во оваа дејност, кои им ги отстапуваме на нашите клиенти согласно нивните потреби, под исклучително конкурентни услови. Како резултат на нашата специјализација во оваа дејност, за своите деловни потреби клиентите добиваат проверен, високо професионален кадар, кој немаат обврска да го вработат, и за кој немаат дополнителни трошоци. Започнавме скромно, со само тројца вработени, но нашите клиенти брзо го согледаа бенефитот од оваа услуга, па така, денес постојано вработуваме преку стотина професионалци од различни профили: ⦁ Возачи на товарни виљушкари; ⦁ Возачи на лесни и тешки товарни возила; ⦁ Работници кои работат селекција на амбалажа; ⦁ Контролори на стока на влез и излез од фабрика; ⦁ Pickers, односно подготвувачи на стока; ⦁ Магационери и магацински работници; ⦁ Работници на лента; ⦁ Пакувачи на стока; ⦁ Хигиеничари, и сл. Поради големиот интерес на клиентите за оваа услуга, бројот на нашите вработени расте со забрзано темпо, а за активности од сезонски карактер, односно во периоди на зголемена потреба од ваков вид на поддршка, можеме да ангажираме и дополнителен капацитет на вработени, организирани во три смени. Покрај ангажирање на професионален кадар, за потребите на клиентите овозможуваме и аутсорсирање на современи, енергетски ефикасни опрема и возила, како: ⦁ Електрични товарни виљушкари со 2 и 4 виљушки; ⦁ Електрични палет џек виљушкари; ⦁ Механички рачни палетари; ⦁ Лесни и тешки товарни возила, и сл. Притоа, безбедноста на клиентите, вработените и опремата го зазема највисокото место на листата на нашите приоритети. Од тие причини, посветуваме сериозно внимание на безбедноста и заштитата при работа, и постојано вложуваме напори максимално да ги исполниме сите безбедносни стандарди на клиентите. Во таа смисла: ⦁ Сите товарни виљушкари се редовно и навремено сервисирани кај овластени надворешни одржувачи; ⦁ Сите возачи на товарен виљушкар поседуваат лиценца за негово управување; ⦁ Сите вработени носат задолжителна БЗР опрема, набавена од страна на Технотранс, за време на целиот период на ангажирање кај клиентот; ⦁ Сите вработени подлежат на редовни и детални систематски прегледи; ⦁ За дополнителна сигурност, имаме склучено деловен договор со надворешна компанија за БЗР, и со истата остваруваме редовна и квалитетна соработка. Иако аутсорсингот повеќе не е новина на македонскиот и регионалниот пазар, Технотранс и понатаму останува препознатлив субјект во овој деловен сегмент. Ова е не само поради фактот што нашата аутсорсинг услуга е најконкурентна и најефикасна на Балканот, туку и поради тоа што таа има висок степен на универзалност, односно може да се користи во секоја индустрија. Она што дополнително нè издвојува од конкуренцијата е нашиот сериозен пристап кон работата и кон клиентот, флексибилноста кон неговите потреби, брзото излегување во пресрет на нарачките, и навременото исполнување на зададените задачи. На крај, особено сме горди на нашиот тим на посветени професионалци, во кој е застапен широк спектар на стручни профили, кои со своето несебично залагање секојдневно придонесуваат за уште поголеми деловни успеси на нашите клиенти.


Основни податоци за складот

Вкупна површина на комплексот: 12.000м2

Јавен царински склад - отворен дел со површина од 1.500м2 и затворен дел со површина од 1.600м2 (наскоро се очекува проширување на капацитетот на затворениот дел на 4.000м2)

2.500 палетни места за складирање на палети во регален систем, и 2.500м2 површина за приземно складирање

Преку 600 влезови и излези од складот на дневна основа

Обезбедени се сите стандарди за врвна безбедност и заштита на стоката

Работно време на складот: од понеделник до сабота од 08:00 до 16:00. По потреба и договор, можно е складирање и надвор од работното време.


Дополнително осигурување на стока во транспорт – Да сме на сигурно

Секое наше возило е поединечно покриено со CMR осигурување во вредност до 100.000 EUR, но, на Ваше барање и во соработка со реномирани осигурителни компании можеме да Ви обезбедиме дополнително осигурување на стока во транспорт или за време на складирање. Стоката во транспорт може да се осигури од основните ризици или од сите ризици кои ја загрозуваат стоката (All Risks) во превоз, како и од ризици кои не се опфатени со овие ризици. Осигурителната премија, во овој случај, обично се пресметува во зависност од вредноста на стоката, видот на стоката, релацијата на транспорт, видот на транспортните средства кои се користат, како и други специфични ризици. Стоката би требало да е осигурена најмалку на полниот износ од фактурата. Доколку се случи целосно или делумно губење на Вашата пратка, Вие како осигуреник ќе бидете во иста финансиска позиција како и кога Вашата надворешнотрговска работа е успешно завршена.


Можност за обезбедување на ефикасна услуга на царинско застапување/шпедиција (преку нашите партнерски фирми) – Целокупната логистичка услуга никогаш не била поедноставна

Долгогодишното искуство, и одличните партнерства со реномирани шпедитерски компании, ни овозможуваат да Ви ја понудиме и услугата за организација на царинско посредување при увоз и извоз на стока. Во рамки на оваа услуга Ви обезбедуваме: 1) Совети и упатства поврзани со царинските постапки и тарифирање на стока согласно позитивните прописи; 2) посредување при изработката на потребните документи на граничните премини; 3) посредување при изработката на барања за сите видови на прегледи: санитарен, фитопатолошки, пазарен, и сл.; 4) обезбедување на неопходната документација за царинската постапка; 5) шпедитерски услуги; и 6) на Ваше барање, можеме да Ве информираме за моменталниот статус на стоката во текот на царинската постапка.


ВИДОВИ НА СТОКА КОИ ГИ ПРЕВЕЗУВАМЕ – Сигурен чувар на Вашата стока

Покрај стандардна комерцијална стока на палети, имаме големо искуство во транспорт на текстил, опасни материи (ADR), мебел, акцизни стоки и високо-вредносни пратки, стоки за кои е потребно добивање на фитосанитарни, ветеринарни, радиолошки сертификати, и други видови на стока. Долгогодишното искуство и големиот број на задоволни клиенти потврдуваат дека видот на стоката која за Вас ја превезуваме не претставува пречка за остварување на сите Ваши барања. Негувањето на иновативноста, како една од најважните вредности на нашата компанија, ни наметнува стремеж за уште поголемо подобрување на возниот парк и опремата, за да можеме да ги прошириме можностите за транспорт на што поголем дијапазон на стока, и со тоа адекватно да одговориме на растечките потреби на транспортниот пазар.


ВОЗЕН ПАРК И ОПРЕМА (НАШАТА ФЛОТА) – Нашата армада во служба на Вашиот успех

Технотранс поседува импресивна флота на возила, која опфаќа возила со носивост од 500 кг до 25 тони, со различни температурни режими на превоз, што ни овозможува да одговориме на сите барања на нашите клиенти. Во моментов, нашиот возен парк се состои од преку 20 влечни и приклучни возила, како на пример влекачи со полуприколка, соло камиони со носивост до 7 тона, комбиња со носивост до 3,5 тони и комбиња за експрес достава до 1,25 тони, сите со дизел мотори со EURO 5 и EURO 6 стандард за емисија на штетни издувни гасови. Секое возило е опремено со систем за сателитско следење (NTS), и ги поседува потребните сертификати за извршување на меѓународен друмски превоз на стоки, TIR сертификати, CMR осигурување, како и ADR сертификати за превоз на опасни материи. Поради овие карактеристики, можеме, на Ваше барање, во секој момент да Ви обезбедиме информации за локацијата на возилото, како и прецизни податоци за температурата во товарниот простор. Воедно, со оглед на тоа што возниот парк е камен темелник на нашата дејност, тежиме кон постојано усовршување и ширење на нашата флота на возила. Од причини што поголемиот дел од транспортот го извршуваме во земјите на Европската Унија, како и поради тоа што безбедноста на нашите вработени е наш приоритет, исклучително внимание посветуваме на техничката исправност на возилата. Од тие причини, настојуваме постојано да го обновуваме нашиот возен парк, а одржувањето на возилата да го вршиме редовно и само кај овластени одржувачи. Исто така, поседуваме и современа, софистицирана, и енергетски ефикасна опрема за манипулација на стока при утовар/истовар и складирање. Нашите виљушкари, палетари и товарни возила не само што успешно ги користиме за своите потреби, туку веќе години наназад успешно ги изнајмуваме на други правни лица во рамки на аутсорсинг услугата.