Членства во асоцијации и стандарди на работење

НАШЕТО НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ Е ВАШАТА ДОВЕРБА

Нашата компанија е активен член на македонската асоцијација на транспортери Макам Транс. Дополнително, ги користиме транспортните берзи на утовари и возила TimoCom i CargoAgent, кои претсавуваат професионални веб платформи за делење на корисни информации во областа на транспортот.

Исто така, ние сме бескомпромисни во спроведувањето на строга и постојана контрола на квалитетот на услугите и работењето. Сите вработени се обврзани и одговорни да дадат активен и квалитетен придонес во реализација на политиката на квалитет и заштита на живона средина. Лидерите на нашиот тим постојано се стремат кон остварување на целите поставени од страна на сладните стандарди: Систем за менаџмент на квалитет (ISO 9001:2015), Систем за менаџмент на животна средина (ISO 14001:2015) и Систем за управување со безбедност и здравје при работа (OHSAS 18001:2007).

Лиценци и сертификати

ГИ ПОСЕДУВАМЕ СЛЕДНИВЕ ЛИЦЕНЦИ И СЕРТИФИКАТИ

Лиценци

Лиценци за вршење на внатрешен или меѓународен јавен превоз на стока издадени од Министерство за транспорт и врски на РМ

АДР сертификат

АДР сертификат за стручна оспособеност на возачи на моторни возила за превоз на опасни материи

АДР сертификат

АДР сертификат за советник при превоз на опасни материи

Сертификати за безбедност

Сертификати за безбедност и здравје при работа

Лекарски уверенија

Неопходни лекарски уверенија

Возачки дозволи

Соодветни возачки дозволи

Историјат

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

Историјат

2010

Основање на компанијата

Основање на компанијата.

2013

Воведување на аутсорсинг услуги

Воведување на аутсорсинг услуги, почетоци во извршување на дистрибутивни активности во име и за сметка на нашите клиенти, како новитет на локалниот пазар.

2016

Зголемување на возниот парк

Значително зголемување на возниот парк водени од барањата на пазарот.

2016

Склучување на договор со Set Falciani International Forwarding

Склучување на договор со Set Falciani International Forwarding, реномирана италијански транспортна и шпедитерска команија со што се поставија темелите на редовна збирна линија од Италија кон Македонија  со наши возила.

2018

Прераснавме во колектив од средна големина

Прераснавме во колектив од средна големина со повеќе од 100 постојано вработени лица кои опслужуваат на 1500 задоволни клиенти.